Македонското стопанство во наредната година, покрај со новата светска криза која веќе е присутна во повеќе европски земји, ќе се судри и со најавеното поскапување на електричната енергија. Стопанствениците сметаат дека производството ќе опадне, бидејќи индустриските капацитети немаат друго алтернативно решение освен електричната енергија. Ова, меѓу другото, беше речено на средбата на стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Велес, на која учествуваше и првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Поскапата струја, истакнаа бизнисмените од Велес, Градско, Кавадарци, Неготино и други општини од Повардарјето, ќе го намали производството, а и бројот на вработените. Целото производство го извезувам. Со евентуално нова повисока цена од 7%, ќе имам неконкурентни производи. Како ќе го надоместам сето тоа, незнам. Ќе бидам неконкурентен на странскиот пазар и ќе работам со многу помал профит од досега. Но, друго решение нема.
Македонското стопанство во наредната година, покрај со новата светска криза која веќе е присутна во повеќе европски земји, ќе се судри и со најавеното поскапување на електричната енергија.
Стопанствениците сметаат дека производството ќе опадне, бидејќи индустриските капацитети немаат друго алтернативно решение освен електричната енергија. Ова, меѓу другото, беше речено на средбата на стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Велес, на која учествуваше и првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Поскапата струја, истакнаа бизнисмените од Велес, Градско, Кавадарци, Неготино и други општини од Повардарјето, ќе го намали производството, а и бројот на вработените.
- Целото производство го извезувам. Со евентуално нова повисока цена од 7%, ќе имам неконкурентни производи. Како ќе го надоместам сето тоа, незнам. Ќе бидам неконкурентен на странскиот пазар и ќе работам со многу помал профит од досега. Но, друго решение нема - рече Трајче Трајков, стопанственик и претседател на Регионалната комора.
Првиот човек на СКМ, Бранко Азески, смета дека, според европските критериуми, Македонија има најниска цена на електричната енергија. Со дополнителните стимулации, што ги подготвува Владата, покачената цена на струјата нема многу да го погоди стопанството. Според него формирањето на цената е во согласност со структурата на трошоците, а Владата со своите механизми ќе ја подобри конкурентната позиција на македонските производи.
- Тоа се стимулации за извоз кои ние во моментов ги немаме, а за кои се бориме. Подобрувањето на инфраструктурата ќе ги намали транспортните трошоци на компаниите и ќе овозможи стимулирање на одредени позиции кои директно влијаат на конкурентноста и зголемувањето на цената на нашите производи. Затоа ние не можеме да ја гледаме државата само од аспект на фирмите, туку и од аспект на граѓаните - рече Азески.
Бизнисмените и ЕВН Македонија се пред конечен договор. Стопанствениците веруваат дека идната година македонското стопанството ќе има повеќе часови евтина струја дење во споредба со ноќе. Велат дека ЕВН е членка на Стопанската комора на Македонија и дека тие настапувале како партнери, а не како спротивставени страни. Во врска со новата светска криза тие истакнаа дека веруваат во мерките на Владата.